Skip to product information

Совршен спој на свежина и слобода.
Ерос Пилигрим е бело суво вино инспирирано од духот на истражување и слободата на природата. Создадено од 100% Sauvignon Blanc, ова вино е вистински избор за оние што ја ценат свежината, живоста и јасниот израз на сортата.
Бојата е светло жолта со зеленикави отсјаи. Мирисот е експлозивен – свежо скошено треве, цитрус, бело цвеќе, зрело зелено јаболко и ноти од тропско овошје. Вкусот е жив, освежителен, со балансирана киселост и крцкав завршеток што буди апетит. Алкохол: 12.5% vol
Температура на сервирање: 8–10°C